Новости

Технологија

Закерберг наскоро ќе ја претстави својата нова идеја – Фејсбук го менува името?

Социјалната мрежа Фејсбук го менува името, поточно планира да се смени следната недела и да го продолжи својот бизнис под нов бренд кој ќе го одразува фокусот на компанијата кон изградба на метаверс, објави порталот Verge, повикувајќи се на извор директно запознаен со плановите.

Извршниот директор на Facebook, Марк Закерберг има намера да зборува за ребрендирање на годишната конференција на компанијата „Connect“ на 28 октомври, но планот би можел да биде објавен порано, пренесува Reuters.

Метаверзумот се однесува на светот на виртуелното опкружување, до кое луѓето можат да пристапат преку Интернет, а терминот може да се однесува на дигитален простор кој, користејќи виртуелна реалност или зголемена реалност, наликува на реалниот живот.

Со ребрендирањето, апликацијата на Фејсбук за социјалната мрежа најверојатно ќе биде позиционирана како еден од многуте производи во рамките на матичната компанија, која исто така ќе контролира групи како Инстаграм, Вокап, Окулус и други.

Од Фејсбук порачаа дека не сакаат да коментираат гласини или шпекулации.

Евротип
Евротип
To Top