Новости

Технологија

Инстаграм прослави 10 години постоење

Пред точно десет години се појави нова апликација, наменета за споделување фотографии. Се разбира, никој дури и не се сомневаше дека оваа апликација ќе стане една од најпопуларните социјални мрежи. На почетокот, Инстаграм го користеа претежно младите, а денес сè повеќе дури и нивните баби и дедовци.

Првата фотографија на Инстаграм ја објави еден од основачите, Мајк Крајгер, во 2010 година како тест за апликацијата. Тогаш тоа беше единствената опција, а подоцна беа додадени и Story, видео и неодамна популарните Reels.

Instagram Reels им нуди на корисниците можност да создаваат слична содржина како TikTok во рамките на платформата Instagram.

Инстаграм станува се повеќе информативен медиум за кој можат да се следат разни настани. Вака се следеа Оскарите во 2014 година, па овие фотографии се оние кои имаа најголем број споделувања на Инстаграм.

Покрај тоа што служи за забава, Инстаграм сè повеќе се користи и за деловни активности. Голем број луѓе работат како Инфлуенсери и заработуваат за живеење на Инстаграм.

Со помош на Инстаграм, можете да заработите пари, да рекламирате, да градите лично брендирање, да станете славни или едноставно да peирнете во секојдневниот живот на вашиот идол. Бројот на следбеници игра клучна улога на Инстаграм. Така, Кристијано Роналдо е крал на Инстаграм со дури 239 милиони следбеници.

Порано беше незамисливо дека вакво нешто постои, а денес тешко можеме да замислиме ден без Инстаграм.

GOLD
To Top