Новости

Технологија

Како би изгледал новиот Nokia 3310?

Извор помеѓу индиските дистрибутери на телефони, открива за весникот Indianexpress.com некои интересни детали околу новата ажурирана верзија на класичниот телефон Nokia 3310, кој треба да биде претставен кон крајот на оваа недела. Уредот ќе биде дел од портфолиото на финската компанија HMD Global, која ги има правата над брендот и ќе ги искористи за нова серија од обични телефони, паметни телефони и таблети.

Според информациите, променетата верзија на Nokia 3310 може да се појави во Индија во текот на месец мај, а од изјавата станува јасно дека уредот е “неверојатен и многу убав”. Очекуваме да видиме телефон во повеќе различни бои, а освен тоа ќе има различен дизајн од оригиналот и се очекува промена во неговата форма. Засега нема информации за цената и се претпоставува дека барем во почетокот, залихите од телефонот ќе бидат ограничени.

GOLD
To Top