Новости

Технологија

Лесен трик со кој ќе заштедите мобилен интернет на Facebook, Twitter и Instagram

Видео клиповите кои стартуваат автоматски на нашите профили на социјалните мрежи не се само досадни, но можат и да го зголемат сообраќајот на мобилен интернет. Сите водечки платформи како Facebook, Twitter и Instagram одржуваат слична функционалност.
Добрата вест е дека има лесен начин како да се справите со овој проблем. Со самото деактивирање на  автоматското стартување на видеата значително ќе влијаете на сообраќајот од мобилниот интернет.

Facebook

За да го исклучите aвтоматското стартување на видеата треба да го отворите вашиот веб прелистувач и доследно да изберете “Settings> Video> Auto-Play Videos” и да ја изберете опцијата “Off” oд паѓачкото мени.

Ако сте сопственик на паметен телефон со Android треба да го отворите менито со три хоризонтални ленти и да кликнете на Autoplay и опцијата Never Autoplay Videos.

Twitter

За да запре автоматското стартување на клипови на Twitter е потребно да се отвори од својот прелистувач Settings менито и да кликнете на Аccount. Откако ќе скролнете до секцијата Content одберете Video Tweets, каде што ќе ја најдете опцијата Video Autoplay. Oд телефон можете да го направите тоа со избирање Settings> Data> Video Autoplay и одберете Never Play Videos.

Instagram

Мобилната апликација овозможува да го запрете автоматското стартување на видеата откако ќе изберете Settings и ќе кликнете последователно на Cellular Data Use> Use Less Data.

GOLD
To Top