Новости

Технологија

Нови промени на Вибер – Внимавајте што пишувате!

Популарниот сервис за пораки и мултимедијални содржини, Вибер, во рок од 24 часа ќе почне да ги отстранува содржините што ги оценува како говор на омраза.

Оваа одлука се донела откако Viber се согласи и ги почитува новите регулативи на Европската унија кога станува збор за говорот на омраза.

Според компанијата, нивната цел е секој да се чувствува безбедно и да ужива во безбедното користење на услугите на една од нивните омилени апликации за комуникација. Во прилог на таа одлука беше наведено дека компанијата ќе се посвети на обука на тимот кој се занимава со модерирање на пораки во рамките на сервисот за пораки.

– Горди сме што соработуваме со Комисијата на ЕУ за правда, потрошувачи и родова еднаквост, како и со доверливи невладини организации со цел да се анализира и отстрани говорот на омраза од каналот Вибер – се вели во соопштението на компанијата, пренесува Блиц.

Од стапувањето во сила на одлуката, целата содржина ќе оди преку модераторите, но на корисниците ќе им биде оставена и опцијата да пријават говор на омраза.

– Вибер отсекогаш бил посветен на приватноста и безбедноста на своите корисници. Со новите промени можеме дополнително да ја подобриме оваа точка од нашиот бизнис – вели Идит Арад, генерален советник.

Освен Viber, промени ќе има и WhatsApp, месинџерот на Facebook, но и некои други платформи за кореспонденција и размена на содржини, кои исто така подлежат на новите правила на ЕУ.

Евротип
SNBROKER
To Top