Новости

Технологија

Проблеми со „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Месинџер“ во цела Европа

Фејсбук Месинџер, една од најпопуларните апликации за допишување во светот моментално не работи во голем дел од Европа.

Голем број корисници пријавуваат дека оваа апликација, која ја користат стотици милиони, а веројатно и милијарди луѓе, моментално не работи, проблемите се појавиле околу 11 часот.

Според „downdetector“ најмногу проблеми се пријавени во Велика Британија, Франција, Белгија и Полска.


И покрај тоа што причината за проблемите останува нејасна, од оние кои пријавиле проблеми, 80% рекле дека не добиваат пораки, додека 20% не можат да се најават.

GOLD
To Top