Новости

Технологија

ФОТО: Samsung Galaxy S8 и S8+ ќе препознаваат лица, а ќе чини 899 евра

Веќе подолго време е познато дека „Samsung“ ќе ги претстави двете верзии на „Galaxy S8“ паметниот телефон – поголемата и помалата верзија. На веб страницата „SlashLeaks“ се појави и првата фотографија на која се прикажани двата мобилни телефони.

Регуларниот „Galaxy S8“ има екран од 5,7 инчи, додека пак „Galaxy S8+“ има џиновски дисплеј од 6,2 инчи.

Освен споменатото, фотографијата докажува и дека смартфонот нема да има физичко „home“ копче на предната страна.

Од останатите функции кои можеме да ги очекуваме од овој уред е и дигиталниот асистент со име „Bixby“, но и „dock“ кој телефонот ќе го претвори во десктоп компјутер.

Се очекува и процесор од најновата генерација, „Snapdragon 835“, со 4 GB RAM меморија и батерија од 3.500 mAh (за поголемиот модел).

Имено Samsung Mobile ќе вметне Iris сензор за скенирање на рожницата на окото кај новиот Galaxy S8 како идеален систем за безбедност, но отклучувањето на смартфонот ќе биде засилено и со технологија за препознавање на лица.

А како што велат Samsung S8 ќе чини 799 евра, додека пак Samsung S8+ ќе чини 899 евра.

„Samsung“ ќе го претстави „Galaxy S8“ на 29 март во Њу Јорк, а продажбата започнува во месец Април.

GOLD
To Top