Новости

Технологија

Њујорк ги отстрани телефонските говорници – Градот се збогува на една ера и започнува друга

Означувајќи го крајот на една ера, градските власти на Њујорк вчера ги отстранија речиси сите телефонски говорници, кои станаа жртви на сеприсутноста на бесплатен Wi-Fi и мобилни телефони во последните години.

Сепак, обожавателите на Супермен можат да се утешат со фактот дека Менхетен ќе задржи четири подиуми, познати и како импровизирани соблекувални на новинарот Кларк Кент додека се трансформирал во суперхерој. Ќе ги зачуваат како историски примероци.

Според извештаите на локалните медиуми, Менхетен ќе чува четирите антички телефонски говорници на Апер Вест Сајд и на авенијата Вест Енд на улиците 66, 90, 100 и 101. Со децении, телефонските говорници се појавуваат во поп културата, од стрипови до холивудски блокбастери и ТВ емисии.

Меѓутоа, таа ера заврши вчера наутро, кога пред медиумите градоначалникот на Менхетен Марк Левин, присуствуваше на демонтирањето на последните два на аголот на 7-та авенија и 50-та улица, кои потоа беа натоварени во камион. Левин на Твитер напиша дека „сè уште почувствувал навестување на носталгија кога видел дека говорниците влегуваат во историјата“.

Фиксните телефонски говорници почнаа да се отстрануваат од улиците на Њујорк во раните 2000-ти во времето на ширењето на употребата на мобилни телефони, а потоа исчезнаа во 2010 година уште побрзо по почетокот на ерата на паметните телефони. До денес, 8.400 говорници на 6.452 седишта се постепено отстранети во различни делови на градот.

Во 2015 година, Менхетен започна да поставува илјадници пристапни точки на LinkNYC кои нудат WiFi и бесплатни локални повици. Овие нови киосци постепено ќе се поврзуваат со 5G мрежата.

Евротип
SNBROKER
To Top