Новости

Технологија

10 паметни телефони што со нетрпение ги очекуваме во 2017-та

2016 година е на самиот крај, па веќе почнуваме да размислуваме за она што не очекува во новата 2017 година, а особено какви модели на паметни телефони ќе се појават на пазарот.

Едно е сигурно, дека во новата година секоја потреба на корисниците ќе биде задоволена – ќе има евтини модели на телефони, без иновативни карактеристики и скапи модели што ќе ги задоволи оние со подлабок џеб.

1. Apple iPhone 8

iPhone е најпродаван смартфон во светот и за тоа iPhone 8 можеби се очекува со нетрпение од голем број на корисници. Уште повеќе што новиот модел на телефон на Apple може да понуди безжично полнење, како и да користи некои нови материјали исклучително отпорни на гребење .

2. Samsung Galaxy S8 и S8 Edge

По неуспехот на Galaxy Note 7, време е Samsung да им надомести на корисниците со Galaxy S8 и Galaxy S8 Edge. Според гласините, Galaxy S8 ќе има подобрена предна камера со авто-фокус.

3. Google Pixel втора генерација

Google Pixel и Pixel XL се покажаа како најголемо изненадување во 2016. Одлична изведба на Android платформата, Snapdragon 821 чип, одлични камери и убав дизајн. Во 2017 година, се надеваме дека компанијата ќе го продолжи овој тренд.

4. Nokia

Моќта на Nokia се буди! Легендарните модели на телефони на компанијата се минато, но во новата година, Nokia има можност да достигне нови височини. Во 2017 година се очекува Nokia да се врати со два модели на смартфони со Android оперативен систем.

5. LG G6

LG G5 не се покажа толку посакуван телефон како што компанијата се надеваше да биде. Очигледно терминот “модуларен телефон” ги плаши луѓето, уште повеќе што има само три модули и никој од нив не се покажа особено корисен. Според гласините LG G6 ќе претрпи комплетен ремонт.

6. OnePlus 5

Телефоните OnePlus 3 и 3T се тенки, стилски, со премиум карактеристики, хардвер од висока класа, со одлични камери и супер брзи. Затоа нашите очекувања за OnePlus 5 скокаат до небото.

7. Huawei P10

Huawei веќе е трет по големина производител на смартфони по Samsung и Apple. Уредите на компанијата се со исклучително добар дизајн, интерфејс, перформанси и камера. Очекувањата се Huawei P10 да го наследи P9 во 2017 година, да има напреден систем со двојна камера и стилска метална конструкција.

8. Нови Moto телефони

Moto Z на Lenovo се покажа како еден од најчудните телефони во 2016г. Со својата концепција Moto Mods која ги подобрува способностите на телефонот со звучник, пико проектор, батерија и оптички зум. Во 2017 година компанијата ќе ја прошири колекцијата од модули за Moto моделите.

9. Sony Xperia 2017

Јапонската компанија ги држи во строга тајност проектите на кои работи. Знаеме дека сепак се работи на два нови паметни телефони. Нивните кодни имиња се G3112 и G3121.

10. HTC 11 Ocean

Не е тајна дека HTC излезе од златната ера, но и покрај тоа, компанијата се уште не се откажала од натпреварот со најдобрите. Се вели дека новиот HTC Ocean ќе се одликува со неколку иновативни функции од кои една ќе биде Google Assistant интеграцијата.

Евротип
Евротип
To Top