Новости

Технологија

Apple го гаси iTunes

Во медиумите се појавија шпекулации за можното гаснење на Apple услугата и апликацијата iTunes.

iTunes беше лансиран на почетокот на 2001 година како платформа за продажба на музика на тогаш револуционерен начин – дигитално, песна по песна.

Под истото име денес функционира како услуга за продажба и слушање музика (но и како подкаст за книги и видео содржини), така и десктоп апликации на MacOS и Windows која е неопходна за поврзување на iPod, iPhone и iPad со компјутер за да на нив се префрлат мултимедијалните записи од сите видови.
Apple сега, како што пишуваат некои американски медиуми, одлучиле iTunes наскоро да го изгаснат. Очигледно, тоа би требало да се случи набрзо по конференцијата WWDC 2019, која се одржува од 3 јуни до 7 јуни во Сан Хозе, Калифорнија.
Наместо iTunes апликацијата и принципот ,,се на едно место”, на новиот macOS би требало да има три нови апликации – музика, ТВ и подкаст. Секоја од нив ќе биде посветена на само еден вид на содржина и со неа поврзаните услуги.

denar.mk

GOLD
To Top