Новости

Технологија

Facebook започна со тестирање за сокривање на бројот на лајкови

Facebook со тестирањето за сокривање лајкови започнува денес, прво на подрачјето на Австралија, а бројот на лајкови за време на тестирањето ќе биде скриен, и ќе се прикажува само дека одредена содржина ја лајкувал „одреден пријател или некои други“.

Тестирањето би требало да утврди дали новиот пристап на броење лајкови влијае на целокупната состојба на корисникот, па ако се покаже дека без броење на лајкови кај корисниците се зголемува чувството за доволност, функцијата би требало да достигне и во другите делови на светот.

Корисниците и понатаму ќе бидат во можност да кликнат на лајковите, и така да проверат на кој се му се допаѓа објавата, но бројот на лајкови повеќе нема да биде видлив во News Feed.

Експертите проценуваат дека престанокот на броење на лајкови може да го намали чувството на вознемиреност и депресија, бидејќи сè повеќе ментални потешкотии се поврзуваат со активностите на друштвените мрежи.

Instagram прв започна со тестирање на оваа опција, прво на подрачјето на Канада, за да го прошири бројот на области откако корисниците истакнаа дека им се допаѓа криењето на бројот на лајкови и ги прави да се чувствуваат подобро.

denar.mk

GOLD
To Top