Новости

Технологија

Facebook ќе ја следи локацијата на сите корисници

Facebook конечно одговори на претпоставките дека ќе престане да ја следи локацијата на корисниците на оваа социјална мрежа за „паметно“ да им покажува реклами, и одговорот беше негативен.

Одговорот на Facebook беше дека нема да престанат со следење на корисниците. Наместо тоа, ќе им понуди опција „земи или остави“ на сите оние кои сакаат да бидат дел од социјалната мрежа, односно ќе им даде избор да се изјаснат дали сакаат да им биде откриена локацијата или сакаат да го напуштат Facebook.

Претходно, за време на сослушувањето на Марк Закерберг, многумина се надеваа дека новите регулации на Европската унија ќе го натераат Facebook да направи измени во начинот на работа на нивната платформа и дека ќе им дозволи на корисниците да одберат дали сакаат нивната локација да биде позната за да можат „паметно“ да им се сервираат реклами и огласи.

Но, бидејќи овие регулации се директно спротивни на бизнис-моделот на Facebook, компанијата ја одби ваквата можности наместо тоа донесе многу поригорозни мерки за корисниците. Со новите измени, Facebook ќе им понуди опција на корисниците дали сакаат да бидат локациски таргетирани со рекламите или сакаат да го напуштат сајтот.

Новиот европски закон, познат како GDPR, ќе стапи на сила следниот месец и тој претставува најголем чекор кон обезбедување на приватност на интернет уште од почетокот на светската мрежа.

„Facebook е мрежа која директно зависи од рекламите“, рече Роб Шерман, заменик-шеф на одделот за приватност на Facebook.

Шерман најави и дека Facebook ќе преговара со Европската унија во следниот период за да обезбеди начини за соработка помеѓу двете страни, но директно кажа дека Facebook нема да се откаже од локациското таргетирање и пласирање на реклами.

 

GOLD
GoldSlot
To Top