Новости

Технологија

Google претстави поевтини верзии на смартфонот Pixel

Сите погледи периодов се насочени кон Google, кој на овогодинешната конференција за девелопери I/O ќе претстави неколку новитети. Еден од нив е смартфонот Pixel 3a, кој е буџетска верзија на моделот Pixel 3.

Google синоќа и официјално ги претстави новите Pixel 3a и Pixel 3a XL, кои веќе се достапни за нарачка и претставуваат поевтина алтернатива за флегшип моделот Pixel 3. Развивањето на нови модели со пониска цена е обид на Google за глобално проширување на пазарот на нивните телефони и привлекување на нови купувачи.

Новите модели од серијата Pixel чинат двојно помалку од нивните поелитни претходници. Моделот Pixel 3a со 5,6-инчен екран ќе чини 399 долари, додека нешто поголемиот 6-инчен Pixel 3a XL ќе чини 479 долари. Стандардните флегшип модели од серијата Pixel чинат од 799 евра па нагоре.

„Мора да се осигураме дека технологијата е во корист на мнозинството, а не е резервирана само за неколкумина. Забележавме загрижувачки тренд во телефонската индустрија. За да ја поседуваат последната и најсовремена технологија, луѓето мораат да плаќаат повеќе и повеќе секоја година“, изјави шефот на одделот за хардвер во Google, Рик Остерлох.

Двата нови модели се „штедливи“ верзии на Pixel 3 и немаат нови опции, карактеристики и функции. Телефоните изгледаат идентично, а од Google велат дека нивните камери ќе имаат подеднакво моќни камери како претходниците од производната линија Pixel.

 

GOLD
To Top