Новости

Технологија

„Google“ ќе му каже збогум на „Hangouts“

Иако станува збор за неофицијални информации и така, најверојатно, ќе остане сè до крајот на следната година, сепак упатени извори информираат дека апликацијата „Hangouts“ би требало да остане активна само за деловни корисници, односно оние што користат „G Suite“.

Затворањето на социјалната мрежа на „Google“ наречена „Google +“ речиси никого не изненади бидејќи уште од самиот почеток таа не се наметна како алтернатива на „Facebook“ и релативно мал број луѓе ја користеле на редовна основа.

Сепак, се чини дека „Google“ се подготвува да укине уште една апликација, која може да влијае на голем број луѓе во светот.

Според информациите добиени од порталот „9to5“, „Google“, до 2020 година во историјата ќе замине сервисот наменет за пораки и видеоповици наречен „Hangouts“. Ова, пред сè, се однесува на приватните корисници.

Доколку ова се оствари, тие ќе мора да се свртат кон други апликации (како „Viber“, „WhatsApp“, „Skype“). Другата опција е да се почека и да се види што ново ќе понуди „Google“ како замена за „Hangouts“. Оттаму веќе се обидуваат корисниците на овој сервис да ги пренасочат на својата апликација „Hello“, но ова досега не се покажа како успешна стратегија.

Што се однесува до „Hangouts“, судејќи според досегашната практика, корисниците ќе се побунат, но на крајот ќе се префрлат на новата апликација што ќе ја понуди компанијата.

makfax.com.mk

GOLD
To Top