Новости

Технологија

Google Assistant обезбедува подобри резултати во пребарувањето на Android

Оние кои на својот Google Assistant често им поставуваат прашања сега може да добијат резултати кои не се само серија на линкови, бидејќи Google објави надградба за Android, која носи детални и јасни одговори на поставените прашања.

Па оние кои, на пример, ќе пребаруваат за локални настани со одговорите ќе добиваат и поврзани фотографии и копчиња за чување на саканите одговори, додека оние кои од друга страна, пак, се во потрага за најпопуларните интернет мачки добиваат и фотографии од најпопуларните раси, кој ќе се појавуваат на врвот на резултатите од пребарувањето.

Резултатите од пребарувањето ќе вклучуваат и неколку интерактивни елементи, а оние кои веќе ја тестирале опцијата истакнуваат дека ажурирањето има и свои мани, резултатите се појавуваат во рекламите, што не смета кога некој корисник ќе пребарува опции за сместување во хотел во некоја област, бидејќи во тие случаави се очекуваат реклами. Во некои други случаеви, спонзорираната содржина претставува пречка, бидејќи тие се наменети за маркетинг цели, што не е секогаш корисно.

Новата функција веќе пристигна до корисниците, така што промените во резултатите од пребарувањето веќе треба да бидат видливи.

denar.mk

GOLD
To Top