Новости

Технологија

Huawei паметните телефони оптимизирани за Snapchat

После веста за интеграција на Photomath во Snapchat, доаѓа уште една вест која се однесува на оваа мобилна апликација.

Претставниците на Snap воспоставиле партнерство со Huawei. Партнерството помеѓу компанијата од Силиконска долина и кинескиот производител вклучуваат оптимизација на Huawei паметните телефони за Snapchat апликацијата.

Досега се споменува оптимизацијата на најновите Huawei P30 и P30 Pro, а сопствениците на овие уреди со Snapchat ќе фотографираат подобри слики со поголема резолуција, додека видео содржината ќе има подобра стабилизација.

Корисниците на овие телефони, исто така, ќе имаат на располагање и некои посебни функции во рамките на Snapchat, благодарение на оптимизацијата на камерата со широк агол од 16 MP. Засега, не е официјално познато дали овие надградби можат да бидат достапни на корисниците.

GOLD
To Top