Новости

Технологија

Pinterest забранува лажни и погрешни информации за климатските промени

Pinterest e виртуелно место, кое е феноменален извор на идеи, па таму можеме да најдеме одлични рецепти, проекти „направи сам“ и идеи за облекување.

Од неодамна, ова место стана уште попозитивно, со оглед на тоа што е забранета каква било форма на дезинформации за климатските промени, без разлика дали личноста што ја направила објавата е свесна или несвесна за нејзината неточност.

Според официјалното соопштение, Pinterest стана единствената голема дигитална платформа која има јасни упатства против лажни и погрешни информации за климатските промени, без разлика дали се работи за содржина или реклами. Секоја содржина што може да и наштети на благосостојбата, безбедноста или довербата на јавноста е отстранета или ограничена.

Според Klima101, новите правила се предмет на содржина што го негира постоењето или влијанието на климатските промени, придонесот на луѓето за климатските промени или научниот консензус за климатските промени, како и лажни или погрешни содржини за решенија за овој проблем што се спротивни на науката.

Pinterest исто така ја забрани содржината што погрешно ги прикажува научните податоци со цел да ја поткопа довербата во климатологијата и експертите во оваа област. Забранети се и штетните лажни или измамнички содржини кои се шират на социјалните мрежи во итни ситуации како што се природни катастрофи и временски екстреми. А на Pinterest нема место за теории на заговор во оваа област, ниту за кампањи за дезинформации. Истите правила важат и за рекламите.

И покрај фактот што другите социјални мрежи и сајтови декларативно се борат против невистините за климатските промени и скептицизмот, досега не беа премногу успешни во овој потфат, додека Pinterest е многу одлучен во својата насока – лагите и измамите кои се судираат со науката не се добредојдени на оваа дигитална платформа.

Тоа го демонстрираа дури и во времето на пандемијата, кога не можеше да се најде содржина поврзана со вакцините на Pinterest бидејќи раководството сметаше дека тие не се релевантна адреса за информации за јавното здравје.

Извор: Klima 101

Евротип
SNBROKER
To Top