Новости

Технологија

Samsung идната година ќе претстави смартфон со камера под екранот

Покрај тоа што чекаме да доволно напредне и се усоврши технологијата на еластични екрани кои се превиткуваат и со тоа овозможуваат повеќе формати за користење на уредите, друга технологија паралелно се развива и ќе биде корисна во повеќе ситуации.

Доколку сакаме да ги видиме конечно уредите кои се целосно екран од предната страна, без рамки, но и без исечоци и други механизми, потребно е да се почне да се поставуваат сензорите под екранот. Тие таму нема да се гледаат, но сепак ќе можат да ја вршат својата работа.

Веќе можевме да прочитаме за телефон од Xiaomi кој ја користи оваа технологија која ја имаат развиено од компанијата, па предната камера е поставена под екранот, а сепак може да ги прави потребните слики.

Од тоа што можеше да се види, се гледа дека технологијата има уште малку додека биде доволно развиена. Поточно, кога добро ќе се загледа, камерата повторно се гледа, иако малку, па потсетува од одредени агли како решението кое Samsung сега го користи, дупка за камерата.

Според неофицијални информации од корејски портал, Samsung веќе работи на развој на екран и можноста камерата да се постави под него, па според нив таков телефон може да се очекува веќе идната година.

Не е познато само дали тоа би бил Galaxy S11 или па втората верзија од Galaxy Fold, за која веќе има најави дека ќе биде претставена идната пролет.

Како и да е, Samsung веќе има многу мали рамки кај своите телефони од највисоката класа, а заедно со заобленоста на страните, нивните телефони се и скоро без нив. Поставувањето на камерата под екранот ќе овозможи да конечно имаме телефони од S и Note класата без воопшто рамки, што ако на тоа се додаде и новата технологија за батерии од Samsung, идната година дефинитивно ќе биде вредна за следење.

GOLD
To Top