Новости

Технологија

Viber го претстави новиот изглед – поедноставен, побрз и побезбеден

Од компанијата го најавија редизајнираниот Вибер 10 на оваа популарна апликација , која би требало да го забрза и подобри визуелно комуницирањето. Од компанијата најавуваат едноставен изглед на насловната страница и ќе биде сличен на WhatsApp.  Фокусот е ставен на едноставната навигација и подобрување на пристапот на приватните групи и „чет” заедниците.

Додадена е и опцијата ,,повикај” , каде корисниците ќе може да ги најдат последните водени разговори , пристап до сите контакти и други новини.

Корисниците на Вибер ќе може да комуницираат со другите корисници , без потреба да ги знаат нивните телефонски броеви , како што е сега.

Мобилната апликација наместо препознатлива виолетова боја, сега има посветла нијанса, а дизајнот е многу поедноставен. На почетното мени сега има само опции за пораки, повици и поставки.

Новата верзија на Viber носи и групни видео пораки до пет корисници. Сепак, на почетокот постои можност дека некои корисници ќе ја имаат само опцијата за групни аудио повици.

GOLD
To Top