Новости

Технологија

Viber на својот официјален канал претстави нова опција која наскоро ќе биде достапна за сите

Опцијата беше објавена на официјалниот канал „Вибер Србија“ и ви овозможува брзо слушање долги гласовни пораки.

Гласовните пораки може да се забрзаат за 1,5x или 2x.

За да ја промените брзината, треба само да го изберете копчето за прилагодување на брзината, кое се наоѓа во гласовните пораки.

Viber ги информираше корисниците дека доколку веќе не ја добиле опцијата, треба да ја ажурираат апликацијата.

Евротип
SNBROKER
To Top