Новости

Технологија

Xiaomi е најпродаваниот телефон во Европа

За прв пат, Xiaomi е најпродаваниот телефон во Европа.

Кинескиот гигант Xiaomi продолжува да расте, и во производството и во продажбата.

Тие неодамна го престигнаа Apple и станаа втори најпродавани во светот, а сега се најпродавани во Европа, за прв пат.

„Strategy Analytics“ објави дека го престигнале „Samsung“ во вториот квартал и продале 12,7 милиони мобилни телефони во Европа во вториот квартал. Тоа е скок од 67,1%.

Samsung падна за 7% и продаде 12 милиони, па Xiaomi сега е пред него.

Apple, исто така, забележа раст од 12,7%, најмногу благодарение на моделот iPhone 12.

Xiaomi е најпродаван во Русија, Украина, Шпанија и Италија.

Извор: denar.mk

Евротип
Евротип
To Top