Новости

Технологија

Xiaomi на иновативен начин ги продава своите уреди

Xiaomi е се повеќе популарен на големиот индиски пазар за паметни телефони. Оваа компанија, позната по тоа што за разлика од конкуренцијата, не вложува многу пари во маркетингот, одлучила на невообичаен начин да продава кога станува збор за паметни телефони.

Mi Express Kiosk иницијативата, на индискиот пазар донесе уреди за самопослужување на кои клиентите можат сами да го купат посакуваниот Xiaomi паметен телефон или некои од додатоците за нив.

Како и класичните апарати за храна и пијалаци, и во овој случај може да се избере саканиот производ кој по плаќањето ќе падне низ отворот од долната страна на уредот каде што корисникот може да го превземе.

GOLD
To Top