Новости

Технологија

„Xiaomi“ официјално ја регистрираше својата единица за електрични возила

Кинескиот гигант за паметни телефони „Xiaomi“ соопшти дека ја завршил официјалната деловна регистрација на својата единица за електрични возила, што е уште едно достигнување во автомобилските напори на компанијата.

Новата единица, која ќе го носи името „Xiaomi EV“, беше отворена со регистриран капитал од 10 милијарди јуани (1,55 милијарди долари), а нејзин правен застапник е извршниот директор на „Xiaomi“, Леи Џун, се вели во соопштението на „Xiaomi“.

Околу 300 вработени се ангажирани да се приклучат на единицата, која во меѓувреме продолжува да регрутира.

Производителот на паметни телефони, кој се искачи на второто место во светот по „Samsung“ во вториот квартал, во март потврди дека влегува во бизнисот со електрични автомобили, ветувајќи дека ќе инвестира 10 милијарди долари во следните 10 години.

Во тоа време, Леи рече дека напорите за тоа ќе бидат „неговиот последен голем претприемачки проект“.

Денес, „Xiaomi“ објави дека има спроведено повеќе од 2.000 интервјуа со цел да проучат и дека посетила повеќе од 10 компании и индустриски партнери. Сепак, не открива многу за својата стратегија во автомобилскиот сектор, ниту пак споделува какви возила има намера да лансира.

Минатата недела, компанијата откри дека ја купила стартап компанијата за автономно возење „Deepmotion“ за повеќе од 77 милиони американски долари, во обид да го зајакне своето истражување и развој.

Претходно во август, „Reuters“ објави дека „Xiaomi“ започна разговори со „Evergrande Group“ за купување удел во својата автомобилска поделба.

Како одговор на веста, портпаролот на „Xiaomi“ на социјалните мрежи напиша дека компанијата е во контакт со неколку производители на автомобили, но сѐ уште не одлучила со кој сака да работи.

Извор: denar.mk

Евротип
Евротип
To Top