Новости

Технологија

YouTube ќе го избрише вашиот канал ако сте неисплатливи

Google постави нови услови за користење на YouTube каналот за секој кој создава видео содржини и ги објавува на овој дефинитивно најпопуларен социјален канал.

Делот кој се наоѓа под насловот „Суспензија и прекинување на сметката“ во делот поднаслови кој се однесува на условите поради кој може вашиот канал да биде укинат, експлицитно вели дека YouTube може да го прекине пристапот до вашиот канал или пристапот преку вашата Google сметка до сите делови на YouTube, освен ако комерцијално не сте одржливи.

Со други зборови, ако не го исплатите Google, што ќе сте му – нема тој да ги троши своите ресурси и да му заземате џабе место на серверите и вредниот простор на дисковите. Ако вашата видео содржина не заработи пари, може да ве избрише од својата платформа. Новите услови стапуваат на сила на 10 декември.

Извор: denar.mk

GOLD
To Top