Новости

Здравје

Јоргован наместо лек: Еве што сè лечи оваа билка

Јоргованот е едно од најпрепознатливите пролетни цвеќиња, но малкумина знаат дека тој во своите цветови, листови и стебла крие голем број на лековити својства. 

Таа е популарна билка во хомеопатијата и често се користи за лекување на ревматски заболувања. Исто така, јоргованот е одличен и за лечење на дигестивните проблеми како што е дијареата, пренесува Lif.

Кората од стеблото често се користи за лекување на маларија, бидејќи успешно ја смирува треската, која е придружена со висока температура. Листовите се користат за лекување на грозница, периодентални заболувања кај децата, конгестија на црниот дроб (конгестија на мекото ткиво) и болести на гастроинтестиналниот систем како што се проблемите со цревата. Освен тоа, стеблото се користи и при лечење на проблеми со дишните органи (кашлање, бронхитис), при покачената телесна температура, камења во бубрезите, висок крвен притисок итн.

Маслото од јоргован е познато како народно средство за масажа и лекување на ревматизам. Во ароматерапијата се користи за емоционална и духовна рамнотежа и за опуштање во третманите против депресија, пишува Radiosarajevo.ba.

Цветовите се корисни за лекување на кожни болести, како што се осип, изгореници (чајот од листовите се користи како облога), исекотини, гребнатини и разни кожни проблеми особено кај кожата на лицето (цветовите се варат во млеко и се ставаат како облоги на лицето). Исто така, цветовите се одлични и во лечење на проблемите со дигестијата како што се тврдата столица и надуеноста и како и стеблото, помагаат при проблеми со респираторниот систем (упорна кашлица, бронхитис).

GOLD
To Top