Новости

Здравје

Авокадо – овошје со магична моќ

Авокадото кое уште се нарекува и алигаторската круша, е тропско овошје за кое научниците велат дека има најголем нутритивен статус. Авокадото потекнува од Средна Америка и Мексико и го има во повеќе од 80 сорти, поделени во три групи: мексичко авокадо, гватемалско авокадо и западно индиско авокадо.

Авокадото во земјите од каде потекнува било нарекувано величествено, таму се сметало дека авокадото има магични моќи и затоа редовно било послужувано на кралските трпези, а принцезите морале да го консумираат бидејќи се сметало дека ја подмладува кожата и не дозволува нејзино сушење (легенди и преданија од времето на Астеките).

8858-avokado_1000x666Нутритивни својства

Енергетската вредност на 100 грама свежо авокадо е 160 kcal или 670 kJ, од кои:

  • 2 % протеини
  • 8,53 % јаглехидрати
  • 0,66 % шеќери
  • 14,66 % масти

Од останатите овошја се издвојува поради големата содржина на минерали и олигоелементи: 1400 mg на 100 gr што од прилика е тројно повеќе од секое друго овошје. Меѓудругото 100 gr авокадо содржи 12 mg калциум, 0.55 mg железо, 7 mg натриум, 7 μg витамин А, 10 mg витамин Ц, 2.07 mg витамин Е, како и витамините Б1 и Б2, калиум, фосфор, магнезиум и незаситени масни киселини.

Авокадото и неговите лековити својства

За авокадото пред се мора да се нагласи дека е моќен чувар на срцето и крвните садови. Го регулира притисокот и работата на срцето, а има моќ и во намалување на нивоата на холестерол и триглицериди. Благодарејќи на многуте антиоксидансни материи кои се содржат во авокадото, тоа се наоѓа речиси на врвот на антиканцер намирниците, докажано влијае врз намалување на шансите за карцином на дојка и простата – велат нутриционистите. Авокадото било многу пати тестирано и сите резултати покажале дека тоа е мелем за простата и освен што двојно го намалува ризикот од карцином на простата, дава одлични ефкети при лекување на бенигна простатична хиперплазија – велат научниците. Авокадото има позитивен ефект скоро врз сите системи, но мораме да го издвоиме дигесивниот систем, бидејќи истражувањата покажале дека авокадото го подобрува варењето, формирањето на столицата, штити од карцином на дебело црево и хемороиди. Можеме да заклучиме дека после се она што го напишавме, авокадото навистина има кралска вредност за нашиот организам.

GOLD
To Top