Новости

Здравје

Американските научници предупредуваат : Бојата за коса го зголемува ризикот од рак на дојка

Според новата студија на американскиот Национален институт за здравство (NIH), трајните бои за коса и хемикалиите што се користат за да се исправи косата, го зголемуваат ризикот од карцином на дојка, со повеќе од шест пати поголем ризик за црните жени.

Студијата набљудувала 46.709 жени и открила дека оние кои ја обоиле косата во период од една година пред да се вклучат во истражувањето , за 9% поверојатно можеле да заболат од карцином на дојка од жените кои не ја боеле косата во тој период.

Откриено е дека црните жени помалку ја бојат косата отколку белите, но ако почант со боење , и тие веројатно ќе заболат од карцином, пренесува Си-Ен-Ен.

Постојаната боја за коса е поврзана со 45% поголем ризик од карцином на дојка кај црните жени и 7% поголем ризик кај белите.

Честото боење исто така одиграло важна улога. Црните жени кои ја боеле косата на секои пет до осум недели, имаат 60% поголем ризик за развој на карцином на дојка.

Важно е да се напомене во толкувањето на овие резултати дека студијата забележала поврзаност, а не причинска зависност. Можеби, жените кои учествувале во истражувањето за студијата веќе имале поголем релативен ризик за развој на рак на дојка од некои други причини, како што е семејната историја.

Всушност, студијата го следи здравствениот статус на 46.709 учеснички во друга студија која ги разгледувала жените чии сестри имале дијагностициран карцином на дојка.

Истражување Hair dye and chemical straightener use and breast cancer risk in a large US population of black and white women е објавено во стручното списание International Journal of Cancer..

GOLD
To Top