Новости

Здравје

Ајнштајнов синдром – како да се препознае кај децата

Времето во кое живееме е со брзо темпо, така што се претпоставува дека детето и ќе прозборува пред нормите, т.е. хронолошката доба. Кога ќе се случи детето да не прозборува во терминот на својата хронолошка доба, доаѓа до паника, но тоа не е потребно. Можно е вашето дете да е исклучително интелигентно и да има Ајнштајнов синдром.

Алберт Ајнштајн, по кого овој синдром го добил името, прозборел подоцна од вообичаеното, а сите знаеме кој бил тој…
Ајнштајновиот синдром (АС) може да се препознае уште во најраната возраст на детето, а лекарите кои се запознаени со него можат уште кај новороденчињата да препознаат дали го имаат или не.
Тогаш ќе бидете во шок, но позитивен зашто лекарот ве подготвува за нешто што ве чека, а тоа е дека до третата година вашето дете ќе чита, а од 6 до 7 ќе чита на ниво на основец од повисоките одделенија.
Децата што го имаат овој синдром може да се усовршат во различни странски јазици до својата шеста година, да развијат феноменален и многу богат вокабулар, и да завршат средно училиште до 10-11 години, а факултет до 15 години.

Сега гледате кој е хронолошкиот распон на просечните деца, а кој на оние со АС. Треба да знаете дека децата со АС имаат изразено развиени физички активности и дека помеѓу многу олимпијци се кријат лица со АС.

Како да се однесувате со дете што има АС?

Ако имате дете што има АС, мора постојано да го занимавате со нешто, да го вклучувате во многу активности, да учи букви во периодот кога ќе покаже интерес за нив, да работите на вештината на читање, многу да разговарате со него за ситуациите, настаните и да очекувате дека ќе ве разбере. Бидејќи таквото дете е изразено добар музичар, опкружете го со класична музика.

Тоа е дете со кое можете секаде да одите и многу да патувате зашто ужива во тоа. Мора многу да му раскажувате за местата каде што ќе престојувате, да зборувате за светот во кој живееме.

Многу родители се изненадени колку е интелигентно нивното дете на возраст од 5-6 години и дека тогаш ја покажува својата најјака страна. Запаметете, тоа се деца со изразено вешт вокабулар, извонредни читачи на возраст од 5 години (хиперлексија), со добро уво за музика, со исклучително добра координација во просторот и времето пренесува деца.мк.

GOLD
To Top