Новости

Здравје

Бременост: Малку алкохол во првото тримесечје најчесто не е штетно за мајката и за бебето

Познат факт е дека трудниците не треба да пијат алкохол, бидејќи ризикуваат да си наштетат на своето здравје, но и на бебето.

Најсигурен избор е да престанете да пиете воопшто за време на бременоста, но сосема мала количина во првите неколку месеци можеби и не е толку ризична, покажа една студија на Harvard Health.

Пиењето мала количина алкохол во текот на првото тримесечје од бременоста не го зголемува ризикот од висок крвен притисок, предвремено породување или мала телесна тежина на новороденчето, што се вообичаени проблеми поврзани со пиењето алкохол за време на бременоста.

Истражувачите ги споредиле исходите при породување кај 5.628 жени со прва бременост во периодот од 2004 до 2011 година. Повеќе од половина од овие жени рекле дека пиеле алкохол во првите три месеци од бременоста. Околу 19 проценти рекле дека повремено пиеле алкохол, 20% рекле дека имаат ниска конзумација на алкохол (три до четири пијачки неделно), а 15% изјавиле дека пијат повеќе од седум чаши алкохол неделно.

Експертите препорачуваат дека жените не треба да пијат алкохол во последните месеци од бременоста. Редовното и количински обилно пиење алкохол за време на бременоста е поврзано со долгорочна иреверзибилна состојба позната како Фетален алкохолен синдром (FAS).

Друго истражување од 2012 година спроведено во Данска, чии резултати беа објавени во списанието Obstetrics and Gynecology, дојде до заклучоци дека со ниска до умерена конзумација на алкохол за време на бременоста не влијаела на извршните функции кај бебето понатаму. Под извршни функции се подразбира: планирање, стратешко размислување, организирање, памтење детали и планирање на времето.

GOLD
To Top