Новости

Здравје

Брза бразилска диета за идеална фигура на плажа

За оние кои не сакаат брзо слабеење за 3 дена, но сепак ги очекува во блиска иднина летниот одмор, оваа бразилска диета е идеален избор.

Се верува дека во период од 2-4 недели може да се ослабе околу 10-12 килограми, а многумина ја сметаа за еден вид здрава диета.

Според правилото на бразилската диета, треба да јадете 5 пати на ден, а на менито во главно се наоѓа овошје и зеленчук.

Секако, како и со останатите диети, пожелно е паралелно да се практикува и физичка активност, барем во умерен облик.

Диетата точно наложува што треба да се јаде секој ден од неделата, па погледнете како изгледа неделното мени:

Понеделник

Појадокбанана, портокал, чаша сок од цеден портокал

Ужинасок од цеден портокал и тост лепче

Ручек100g бела риба, 100g салата од свежо овошје по избор

ВечераИсто како ручекот

Пред спиењечаша сок од цеден портокал и тост лепче

Вторник

Појадокедно варено јајце, чаша сок од свежи јаболка

Ужинаедно тост лепче, чаша сок од свежи јаболка

Ручек100g варено месо, 2 варени компира, 4 листа зелена салата

Вечера200g варена риба, тврдо варено јајце, зелена салата, грашок

Пред спиењеедна чаша сок од свежи јаболка и тост лепче

Среда

Појадокедна шолја немасно млеко и едно тост лепче

Ужина100g немасно сирење

Ручек100g ориз, 150g салата од свежа зелка со лимон и магдонос

Вечера100g варено месо, 4 листа зелена салата и јаболко

Пред спиењеедна чаша сок од свежи јаболка и едно тост лепче

Четврток

Појадокедна чаша сок од ананас, 60g свеж ананас

Ужинаедна шолја сок од ананас и едно тост лепче

Ручек100g варено месо, мало парче сирење и еден портокал

Вечерадва варени компира, 150g салата од свеж морков со маслиново масло

Пред спиењеедна чаша сок од ананас и едно тост лепче

Петок

ПојадокЕдна чаша сок од свежи јаболка и едно тост лепче

Ужинаедно јаболко и еден портокал

Ручек150g варена риба и два варени моркова

Вечераедна чинија чорба од зеленчук (или печурки) и едно тост лепче

Пред спиењеедна чаша сок од портокал и едно тост лепче

Сабота

Појадокедна чаша сок од свежи јаболка и едно тост лепче

Ужина150g варено цвекло со малку масло

Ручекедна чинија чорба од зеленчук/печурки/риба и едно тост лепче

Вечера100g пржени печурки и 100g салата од свеж зеленчук по желба

Пред спиењеедна чаша сок од свежи јаболка и два кекса со путер

Недела

Појадокедна банана и една шака суво грозје

Ужинаедна чаша сок од моркови и едно тост лепче

Ручек100g варено месо, 100g салата од свежа зелка, лук и сок од еден лимон

Вечераедна чинија свеж зеленчук или зеленчукова/рибја чорба, 100g овошје по желба и 4 листа зелена салата

Пред спиењеедна чаша сок од свежи јаболка и две суви смокви

По држење на диетата од 2-4 недели, не ја повторувајте веднаш независно од резултатите. По завршувањето потребно е полека да се вратите и на дополнителна исхрана со намирници богати со протеин, а менито треба уште да ви вклучува овошје и зеленчук.

 

 

 

 

 

 

Извор: Црно бело

GOLD
To Top