Новости

Здравје

ВЕДНАШ кажете им НЕ на цигарите: Како најлесно да се откажат

Покрај добро познатото штетно дејство врз кардиоваскуларниот систем и врз белите дробови, цигарите им нанесуваат штета и на другите органи и системи во човекото тело.

Нездрава кожа Кога отровите од тутунот ќе ги оштетат крвните садови, кожата ги губи еластичноста и свежината. Бидејќи штетните материи се излачуваат преку кожата, пушачите околу себе шират непријатен мирис на чад, кои самите не го чувствуваат бидејќи тутунот им ги блокирал нервите за мирис во носот.

Сексуална (дис)функција Тутунот содржи отровна селен-водородна киселина, која ги оштетува црниот дроб и половите жлезди, па кај жените пушачи често доаѓа до промени во епителот на вагината, која станува сува, тешко се навлажнува, па односите се болни и непријатни. Кај мажите доаѓа до опаѓање на либидото и на ерекцијата.

Менопауза и остеопороза Хормоналниот дисбаланс кај жените пушачи може да предизвика предвремена менопауза и остеопороза. Освен тоа, кај некои жени се зголемува влакнатоста на телото.

Нокти и коса Пукањето на ноктите и дамките на нив се чест проблем на долгогодишните пушачи. Исто така, косата на жените пушачи го губи природниот сјај поради оштетување на крвните садови на главата од отровите во нив. Неретко доаѓа до пукање на влакната на косата.

На пушачите почесто им студи Топлината на телото зависи од циркулацијата, па ако протокот на крвта во кожата е добар, тогаш температурата на телото е 36 степени. Неколку секунди по палење цигара, отровите од тутунот доаѓаат во кожата, па таа за да се одбрани од нив ги собира крвните садови. На тој начин температурата опаѓа на 26 степени.

Како најлесно да се остават цигарите?

Постојат повеќе медицински третмани за одвикнување од пушењето – никотински и неникотински. Кај првите не се намалува бројот на рецепторите за никотин и тие препарати само ги задоволуваат и ги одржуваат во живот. Неникотинскиот метод дејствува така што во централниот нервен систем се врзува за истите рецептори како и никотинот и дава исто чувство на релаксација и на задоволство, но истовремено не го одржува истиот број на никотински рецептори во мозокот, туку ги намалува. Во таа цел се користи цитизин, алкалоид на Cytisus laburnum. Понекогаш се користат и антидепресиви.

GOLD
To Top