Новости

Здравје

Дали е безбедно да ја бојадисувате косата во текот на бременоста?

Боење на косата во текот на бременоста многу време се сметал за забранет чин. Не постојат цврсти индикатори кои покажуваат дека боење на косата за време на бременоста може да влијае на самата бременост.

Сепак, треба да се има на ум дека овие истражувања се многу ретки, бидејќи се тешки за истражување. Во продолжение на текстот ќе дознаете дали е ова опасно, кои мерки на претпазливост можете да ги преземете и кои бои се најдобри за користење.

Веднаш на почетокот ќе го решиме вечното прашање: дали е безбедно боење на косата во текот на бременоста? Одговорот е – да.

Боите содржат хемикалии – пероксид и амонијак, меѓутоа, во многу мала количина, поради што не се сметаат за токсични. Освен тоа, бојата не останува доволно долго во контакт со кожата за да се апсорбира во крвотокот и на тој начин да го оштети бебето.

Затоа се смета дека боење на коса не е токсично дури ни за време на доењето, бидејќи хемикалиите не се апсорбираат во млекото. Меѓутоа, ако имате отворени рани на главата, апсорпцијата на хемикалиите во крвотокот се зголемува.

Некои лекари веруваат дека ова не треба да се прави во текот на раната бременост, бидејќи во тој период се формираат органите. Тие советуваат бојадисување на косата по првиот триместар.

Мерки на претпазливост за бојадисување на косата во текот на бременоста

– Ако никогаш до сега не сте ја бојадисувале косата, прво направете тест на мала површина за да видите дали ќе имате реакција, иритација или алергија.

– Строго следете ги инструкциите на пакувањето. Користете ракавици и не ја оставајте бојата премногу долго на вашата коса.

– Имајте на ум дека бременоста може да влијае на промената на структурата на косата. Ова значи дека вашата коса може да реагира поинаку на бојата. Затоа е најдобро да се направи тест на мал дел од косата.

– При изборот на бојата за коса, најдобро е да се изберат бои кои не содржат амонијак, пероксид или PPD (хемиска супстанца која се наоѓа во скоро сите темни бои), а најдобро е да се одлучите за алтернативно боење на косата.

Сепак, изборот е ваш и секогаш е најдобро да се консултирате со вашиот доктор.

GOLD
To Top