Новости

Здравје

Дали знаевте дека може да дојде до предозирање со овошје?

Велат ако изедете едно јаболко на ден, нема да имате потреба од доктор. Но, што ако се 2 јаболка? Сигурни сме дека се поздрави од чоколадо, но што ако се 4, 5 или 10 јаболка на ден? Дали премногу овошје може да биде нездраво? Прочитајте во продолжение и дознајте.

Лекарите велат дека премногу овошје може да биде нездраво. Овошјето содржи фруктоза поради што е така вкусно и слатко. Фруктозата е сепак (природен) шеќер и ги предизвикува истите проблеми од претераната употреба на шеќер. Доколку изедете 1 јаболко ќе ги искусите здравствените придобивки, но 3 резултираат со замастен црн дроб. Кога ќе се замасти црниот дроб многумина претпоставуваат дека тоа е поради алкохолот. Но, лекарите велат дека од 20 до 30% од случаите тоа нема врска со алкохолот бидејќи е последица од премногу фруктоза.

Дали треба да се јаде само зеленчук? Не, ова не значи дека овошјето треба целосно да се избегнува бидејќи луѓето и така јадат премалку овошје. Меѓутоа, треба да се размисли кој вид овошје се внесува во организмот и во колкава количина бидејќи секоја овошка содржи различно количество шеќер.

Бананите, јаболката и сливите имаат многу повеќе шеќер од портокалите или шумското овошје. Препорачана доза е 5 порции овошје и зеленчук на ден, но зеленчукот има предност. На пример, можете да внесувате 2 парчиња овошје и 3 зеленчук. Исто така важно е и кое овошје ќе се јаде. Свежото е секогаш подобро од преработеното, а овошниот сок од портокал не се препорачува да се пие наутро бидејќи содржи висока концентрација овошје и многу побрзо се пренесува во крвотокот.

Поради разновидното овошје и големата количина на истото што се става во смуди и во овошните сокови брзо може да се надмине потребната количина, па затоа овошјето треба внимателно да се комбинира.

Со други зборови, консумирањето овошје треба да се прилагоди на животниот стил. Кој сака денот да го започне со чаша природен сок од свеж портокал мора и да вежба за да го истроши внесениот шеќер.

Внесувајте овошје колку што ви бара организмот и не заборавајте дека природниот шеќер што се содржи во него има речиси идентично влијание како и обичниот шеќер.

GOLD
To Top