Новости

Живот

Дилема и предизвик: Живот без глутен?!

Омилена помеѓу познатите во Холивуд, одбегнувањето на храната која содржи глутен е одличен начин за прочистување на организмот, а воедно и губење на неколку вишок килограми.

Исхраната без глутен се покажува како доста популарна во светот.

Доколку практикувате храна без глутен ќе почувствувате значајно здравствено подобрување и губење на тежината (на секои 4 дена се губат од 1 до 1,5 килограми).

Менувањето на исхраната кон онаа без глутен е голема промена за вашиот организам и ќе биде потребно време со цел да се навикнете.

Но, останете позитивни и фокусирајте се на храната која смеете да ја јадете.

План за исхрана без глутен:

Појадок: 1 варено јајце, 200 гр. сирење, 20 гр. леб без глутен, 200 мл. какао или чај со млеко

Појадок бр.2: 200 мл. сок

Ручек: 200 мл. супа од риба со компири и моркови, 100 гр. варена риба, 100 гр. варен компир со грашок, 100 гр. салата од зеленчук со растително масло, 20 гр. леб без глутен, 200 мл. компот од овошје

Ручек бр.2: 100 гр. сирење, 100 гр. овошна салата, 200 мл. Кефир

Вечера: 1 краставица, 100 гр. издинстано пилешко месо, 20 гр. леб без глутен, 150 гр. варен компир со грашок, 200 мл. чај со шеќер без глутен.

Пред спиење: 200 мл. јогурт

Секогаш одбегнувајте

Храна и пијалаци кои содржат:

-Јачмен
– ‘Рж
– Тритикале
– Пченица

Одбегнувајте ги следниве производи, доколку не се обележани со етикета “без глутен”:

– Пиво
– Леб
– Торти и пити
– Бонбони
– Житарици
– Колачи
–  Помфрит
–  Имитација на месо или морска храна
– Тестенини

– Обработено месо
– Преливи за салата

– Сосови, вклучувајќи и соја сос
– Зачинети закуски, како чипс и тортилја чипсови
– Супи и чорби
– Зеленчук во сос
– Одредени жита како овес

Дозволена храна

– Грав
– Свежи јајца
– Месо и риба (да не бидат маринирани или поховани)
– Овошје и зеленчук
– Повеќето млечни производи

Важно е да се осигурате дека овие прозиводи не се обработени или измешани со зрна кои содржат глутен, адитиви или конзерванси.

Многу зрна можат да бидат дел од диетата без глутен:

– Леќа
– Пченка
– Лен
– Брашно без глутен (од ориз, соја, пченка, компир)
– Ориз
– Соја
– Тапиока
– Ароврот
– Сорго

Ризици

Луѓето кои ја следат исхраната без глутен може да имаат ниски нивоа на одредени витамини и хранливи материи во нивната исхрана.

Па затоа, трудете се да ги внесете овие витамини по вештачки пат.

Евротип
Евротип
To Top