Новости

Здравје

Домашни чаеви за менструални болки и грчеви

Заборавете на трчањето до аптека и долготрајното лежење во кревет штом имате ПМС или менструални грчеви. Добрата мешавина на чаеви може да биде ваш спасител. Меѓу растенијата кои се користат најчесто се спомнуваат: камилица, жалфија, оригано, пченкарна свила, зелен чај, листови малина, ѓумбир, босилек и цимет. Исто така корисни се и: коприва, луцерка…

За умерени болки: 

Ако имате умерени болки може да пиете една до две шолји чај од лист од малина, оригано или ѓумбир. А кога ќе ви досадат овие чаеви, напијте се чаша топло млеко помешано со пола лажичка цимет или мускатно оревче. Вака приготвеното млеко пијте го наутро и навечер. Покрај овие чаеви и млеко, пијте повеќе течности, ставајте топли облоги на стомакот, направете топла купка за релаксација, редовно вежбајте и избегнувајте мрсна храна

Мешавина за јаки болки и симптоми: 

Измешајте ¼ чаша суви листови од коприва и луцерка, па пола шолја листови од малина и вркута (бисерок, моминска наметка) и 1 чаша листови од нане. Вака приготвената мешавина чувајте ја на суво место, во добро затворена стаклена тегла. Чајот пригответе го така што 1 лажица од мешавината ќе ја прелејте со врела вода. Потоа, шолјата поклопете ја и оставете го чајот да стои околу 5 минути. Процедете го и испијте го топол или ладен. Може да направите и двојна количина. Против јаки болки може да направите и чист чај од вркута. Земете 1 мала лажичка сува билка и прелијте ја со 1 чаша вода. Оставете ја поклопена 10 минути. Чајот исцедете го и пијте две шолји на ден, голтка по голтка. Важно е да се напомени дека овој чај не се препорачува за лица кои имаат проблеми со жолчката или имаат гастроенетеролошки проблеми.

Тинктура за подобро општо здравје: 

За вас пронајдовме и еден стар рецепт кој има едноставен назив „Тинктура за жени“. Еве како се припрема. Во шише од еден литар ставете еднаква количина од овие билки: валеријана – свеж лист, матичњак (пчелинок), мајчина душица и копар. Во шишето налејте квалитетна домашна ракија. Затворете го и чувајте го темно и ладно место за време од 15 дена. Потоа, тинктурата процедете ја и чувајте ја во шише. Консумирајте по една ракиена чашка секој ден.

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Се за Храна

GOLD
To Top