Многумина не сакаат да ја перат својата најомилена долна облека на висока температура, што баш и не е паметно.
Долната облека веш треба да ја перете на висока температура советуваат стручњаците. 

Филип Тиерно, професор по микробиологија на њујоршки универзитет, предупредува дека, долниот веш се наоѓа на подрачјето на анусот од кој многу лесно може да се префати ешерихија и да се пренесе на подрачјето на вагината и каналите за мокрење, каде би можело да предизвика опасна инфекција.

Тој исто така додаде дека ешерихија може дури да остане на кожата и после темелно перење и така да се пренесе на долниот веш, а на него може да остане и после перење во машина.

Затоа советува долниот веш да го перете на висока температура со додаток избелувачи за да ги отстраните сите бактерии, а еден пар гаќи не би требало да го носите подолго од два дена, пишува „Huffington post“. Оптимално е да ги менувате секој ден.

Ако мислите дека вашите омилени гаќи нема да издржат вриење во машината, би требало да ги исперете во топла вода, со детергент кој содржи пероксид.

Исто така професор Тиерно нагласува дека е добро да се остави долниот веш да се исуши на сонце, бидејќи и UV зраците помагаат во одржување на хигиената.