Кафето содржи различни антиоксиданси, но кога се пие на празен стомак, може да има повеќе негативни, отколку позитивни ефекти.

Научниците проучувале што се случува во телото, откако на гладен стомак ќе го испиеме веројатно најомилениот пијалак во светот, без разлика на тоа дали станува збор за турско кафе, инстант варијанти, или она со млеко.

При ова истражување научниците стигнале до следниве заклучоци:

1. Се зголемува нивото на киселини во стомакот

Кафе испиено на празен стомак го зголемува производството на хлороводородни киселини, што е лошо за луѓето кои боледуваат од гастритис и имаат зголемено ниво на киселини во стомакот. Затоа расте и ризикот од создавање на чир, а се зголемуваат и шансите за хроничен гастритис.

2. Станувате анксиозни и подложни на стрес

Кафето влијае на зголемување на хормонот на стрес, посебно ако се пие на празен стомак. Храната има смирувачко дејство на организмот и го ублажува негативното дејство на кафето, под услов да станува збор за здрава храна.

3. Се намалува нивото на хормонот на среќа

Кофеинот го попречува производството на серотонин, кој е одговорен за чувство на среќа и задоволство. Неговиот недостаток е главна причина за депресија и ментални болести.

Иако откако после пиење на овој омилен пијалак на празен стомак прво ќе почувствувате подигање на расположението, сепак после час или два, тоа чувство ќе опадне.

Ако пиете кафе неколку пати во текот на денот, лачењето на серотонин ќе почне да зависи од надворешните фактори, а не од работата на организмот.