Новости

Здравје

Заминувањето на годишен одмор е добро за срцето и за умот

Научниците дојдоа до откритие дека годишниот одмор, без разлика дали е зимски или летен, е многу добар за срцето и за умот. Истражувањата спроведени со текот на годините укажуваат на тоа дека празниците и одвојувањето од дневната рутина се многу повеќе од фотографирање и купување сувенири и дека донесуваат евидентна корист за здрвајето.

Последното истражување следело мажи на возраст од 50-тина години и тоа во тек на девет години и заклучиле дека тие што земаат повеќе годишни одмори се помалку склони кон умирање од кардиоваскуларни болести, вклучително и срцеви удари. Останатите анкети и студии го поврзуваа одморот со помали депресии, намалување на стресот и со подобра општа состојба.

Д-р Ананд Рохатги, пребентивен кардиолог, вели дека потребно поголемо истражување на оваа тема, но дека оваа теза има смисла.

„Тоа во главно се опсервациски студии, но луѓето кои земаат помалку одмори, вообичаено се под поголем стрес и имаат повеќе здравствени проблеми. Доколку не земете слободно време за себе, нема да се снајдете добро иќе бидете склони кон повреди, воспаленија, но и сериозни боелсти“, вели тој.

Една од препреките за сонесување конечни заклучоци е тоа штѕо е тешко да се одвои само одморот од другите фактори кои негативно влијаат на здравјето.

„Луѓето кои одлучуваат да заминат на одмор или кои се во прилика да имаат повеќе одмори може да бидат многу поразлични во здравствена смисла од оние кои не одат на одмор. Но, тоа може да биде поврзано и со финансиската состојба, а не само со одморот“, влеи тој.

Сепак, како кардиолог вели дека препорачува, особено на оние со срцеви проблеми, да намалат со стресот, па така и одморот доаѓа како препорака.

„Стресот го качува крвниот притисок, може да го забрза пулсот, да доведе до аритмии или да ги влоши овие состојби. Постојат јасни кардиоваскуларни импликации за одржување рамнотежа и намалување на стресот. На нив мора да работите на дневно ниво. Мора правилно да се користи тој одмор“, додава докорот.

Секако, и тоа што работите и што јадите може да направи разлика. Се препорачува и за време на одморот да ја одржувате рутината за јадење, и задолжително да се зема ужина.

GOLD
To Top