Новости

Здравје

Зошто не можете да ослабнете – три заблуди за метаболизмот

Ова се најголемите грешки за кои што сте сигурни дека се вистина…

Метаболизам е збор со кој најмногу се „расфрламе“, но не е сосема јасно колкава контрола имаме врз сопствениот метаболизам.

Нутриционистката Саманта Касети ги откри трите најчести заблуди за метаболизмот, вклучувајќи го и одговорот на прашањето дали можеме метаболизмот, всушност, да го забрзаме.

МИТ 1. Ништо не можете да направите за да го промените вашиот метаболизам

– Генетиката и одредени медицински состојби, како што е проблемот со штитната жлезда, играат важна улога во работата на метаболизмот, но постојат чекори со кои можете да го контролирате вашиот метаболизам, како исхраната и вежбањето. Со физичката активност се согоруваат 30 отсто од вкупниот број калории, а доколку вежбањето вклучува и вежби за сила, дополнителната мускулна маса ќе даде мал, но значаен поттик на метаболизмот – истакнува нутриционистката Саманта Касети.
Покрај тоа, одредена храна и хранливи материи, исто така, ќе го покренат метаболизмот. Најдобар избор е храната од цело зрно наместо рафинираната која вклучува слатки и обработени житарки.

МИТ 2. Слабите луѓе имаат побрз метаболизам од луѓето со вишок килограми

– Вистината е, всушност, сосема спротивна. Метаболизмот ги вклучува сите процеси кои му се случуваат на телото и кои нè оддржуваат во живот (дишење, спиење, отчукување на срцето итн.) заедно со телесните функции кои ни овозможуваат да се движиме. Тоа значи дека кај луѓето со вишок килограми калориите побрзо се „движат“, бидејќи носењето на поголемата маса тоа го бара – објаснува Касети.

МИТ 3. Се додека се храните здраво и вежбате, вашиот метаболизам е добар

– Здравата исхрана и телесната активност се важни за добар метаболизам, но постои уште еден многу важен фактор – спиењето.

Недостатокот на сон има големо влијание на процесите на метаболизмот во телото. Само една непроспиена ноќ, или лошо спиење, може да ги нарушува хормоните и да го зголеми апетитот. Ако една недела не спиете доволно, тоа може да го промени метаболизмот на некои други начини. Ако со текот на времето развиете лоши навики за спиење, се зголемува ризикот од дебелеење и други здравствени проблеми – предупредува Саманта Касети.

GOLD
To Top