Новости

Здравје

Како да ги отстраните пестицидите од овошјето и зеленчукот?

Миењето на овошјето и зеленчукот не е доволно, пестицидите остануваат на околу 65 проценти на овие намирници. Како можете да ги отстраните?

Без разлика на тоа што ги миете овошките и зеленчукот пред јадење, некои од тие намирниците дури и кога ги лупите не е гарантирано дека со нив нема да внесете пестициди во организмот.

Пестицидите можат да бидат опасни по здравјето бидејќи го зголемуваат ризикот од неплодност, дијабетес, хормонална нерамнотежа и рак.

Според истражувањето на непрофитната американска организација EWG, на врвот на листата како намирница со најмногу пестициди се најде кељот. Други намирници кои се најдоа на листата како најзагадени со пестициди се компирот, целерот, доматите, крушите, црешите, праските, грозјето, јаболката, нектарините, спанаќот и јагодите.

Како може да се отстранат пестицидите?

1. Со помош на бел оцет

Во поголем сад ставете вода и бел оцет во однос 4:1. Потопете го овошјето или зеленчукот кој сакате да го исчистите и оставете го околу 20 минути. Потоа намирниците добро измијте ги со вода.

Добрата работа со ова е што на овој начин со помош на оцетот ќе ги отстраните и евентуалните бактерии од овошјето или зеленчукот.

2. Со помош на сода бикарбона

Водата не може да ги отстрани сите пестициди, но изгледа дека со сода бикарбона може.

Еден експеримент со јаболка покажал дека на ова овошје остануваат значително помалку пестициди откако 8 минути биле потопени во мешавина од вода и сода бикарбона, а по 12 до 15 минути на овошјето воопшто немало пестициди.

Причина за тоа е што содата бикарбона разградила два вида пестициди користени во истражувањето, тиабендазол и фосмет, но не значи дека на сите други пестициди делува исто.

Во секој случај, подобро е отколку да ги измиете само со вода.

GOLD
To Top