Новости

Здравје

Како да направите пролетна детоксикација на организмот по празниците?

Завршуваат прославите за велигденските празници во кои главен дел имаа богатите трпези што изобилуваат со јадења со висок процент на маснотии и шеќери. Пред нас се уште првомајските скари, а телото сигурно веќе ни покажува дека време е за промена.

Во опуштена празнична атмосфера сите јадевме и пиевме малку повеќе, но на нашето тело сега му треба пролетно будење и прочистување од тие вкусни задоволства.

За да ја вратите рамнотежата во вашето тело, придржувајте се до овие чекори и посветете се на поздрав начин на живот за да го одржите балансот на здравото тело и дух.

Home made healthy vitamin-fortified water

Како знаете дека на организмот му е потребна детоксикација?

Здравите животни навики се добредојдени во текот на целата година, но ако сте се опуштиле за време на празниците, не очајувајте. Со правилна детоксикација можете да решите бројни симптоми: умор, недостаток на енергија, поспаност, главоболки, проблеми со варењето и кожата, пад на имунитетот, несоница…

Ова се сите симптоми што телото ви ги испраќа како сигнали дека му е потребна детоксикација.

Позитивни ефекти на детоксикацијата

Исфрлањето на токсините од организмот ќе ви помогне да го засилите имунитетот, да ја подобрите циркулацијата и да овозможи правилна работа на црниот дроб и на бубрезите.

Покрај физичките придобивки, со детоксикацијата воспоставуваме рамнотежа и меѓу телото и духот, ја смируваме внатрешноста и тоа влијае на подобрување на душевната состојба и намалување на нивото на стрес.

Како да ја спроведете детоксикацијата?

За правилна детоксикација на организмот не се потребни строги диети – доволно е да ги следите насоките за здрав начин на живот. Тоа вклучува внесување повеќе течности, најмногу вода, чаеви и природни сокови. Одбегнувајте кафе, алкохол, енергетски и газирани пијалоци.

Важно е да се истакне дека детоксикацијата не значи изгладнување или прескокнување оброци, туку баш спротивно.

Треба да јадете повеќе, но помали и полесни оброци во текот на денот, што вклучуваат повеќе свежо овошје и зеленчук, особено зелјести растенија и мешунки.

Не заборавајте на физичката активност – преку потење ќе ги исфрлите токсините насобрани во вашиот организам. Прошетка со забрзано темпо во траење од 30-40 минути е најмалку што може да направите за вашето тело.

Не ја заборавајте негата на кожата. Одморете ја од парфимираните гелови за туширање и млека за тело и изберете органски сапуни и природни пилинзи со кои ќе ја обновите кожата и ќе ја подготвите за промената што ќе ѝ се случи и од внатре.

За добро здравје, покрај здраво тело, потребен ни е и здрав и спокоен ум. Одвојте време за истегнување, длабоко дишење и медитација во денот, посветено само на тоа во мирен и хармоничен простор.

 

GOLD
To Top