Новости

Здравје

Како да се справите со јадењето под стрес

Дали некогаш ви се случило по долг и напорен ден да се вратите дома и да консумирате претежно нездрава храна? Или можеби во деновите кога се чувствувате под стрес, тажни или депресивни? Таканаречената “стресна исхрана” е честа, бидејќи многу луѓе ги “лекуваат” тензиите во секојдневниот живот со штетна храна.

Пицата или чипсот сепак не се решенија на вашите проблеми и сигурно нема да го направат вашиот ден поубав. Дури и во многу случаи би ве натерале да се чувствувате лошо, поради чувството на вина. За среќа, можете да го промените начинот на исхрана, кога сте под стрес и на тој начин да ја избегнувате нездравата храна.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат:

Пред да се ориентирате кон нездравите производи:

1. Јадете, но правилна храна. Научете го телото на вкусна, но здрава храна. За ова ќе биде потребно време, но ако сте мотивирани, тешко дека има нешто што може да ве спречи.Откако ќе се навикнете да се храните со корисна храна, вие ќе започнете да чувствувате колку вкусна всушност е таа.

2. Пијте една чаша вода. Понекогаш, кога мислите дека сте гладни, вие едноставно сте жедни. Значи, ако одеднаш чувствувате чудна желба да каснете нешто, прво пробајте со чаша вода.

3. Свртете го вашето внимание. Кога ќе почувствувате дека почнувате да се нервирате или пак се натажувате, свртете си го вниманието. Најдете нешто што не е поврзано со храна, за да можете да ја избегнете “стресната исхрана”.

4. Бидете внимателни. Слушнете го телото и давајте му храна, само кога ќе почувствувате дека тоа навистина има потреба од неа.

Откако сте подлегнале на нездравитепроизводи:

1. Фокусирајте се на храната. Ако сепак одлучите да јадете нешто, веќе е дојдено времето, во кое ќе се фокусирате на храната. Многу истражувања покажуваат дека кога човек јаде додека прави нешто друго (гледа телевизија, на пример), постои голема шанса да изеде многу повеќе храна. Вашата цел е спротивното, особено кога станува збор за нездравата храна!

2. Правете паузи. Не јадете како да сте на трка. Обидете се да правите мали паузи на неколку залаци и размислете до кога ќе бидете гладни за уште лоша храна. Ако почувствувате дека дефинитивно нешто не ви се јаде толку многу, најдобро веднаш престанете да консумирате.

3. Џвакајте темелно. Дури и да се храните со брза храна, обидете се да јадете побавно. Џвакајте темелно пред да голтнете и не гризете повторно пред устата да ви биде празна.

GOLD
To Top