Новости

Здравје

Како на најлесен начин да го исклучите шеќерот од исхраната

Секоја сериозна промена во исхраната треба да се одвива под надзор на специјалист и само откако ќе се положат потребните тестови. Ако веќе ја имате поминато оваа фаза и планирате сериозно да го напуштите шеќерот или да ја намалите количината во исхраната, имаме неколку совети.

Направете го тоа полека. Постепено одвикнувајте се од лошите навики, за мозокот (кој исто така е мускул и згора на тоа, прилично мрзлив) да има доволно време да се навикне на новиот начин на живот. Одвојте го процесот во мали фази – и задачата повеќе нема да изгледа невозможна.

Додадете цимет во храната: посипете во каша, испечете јаболка со него. Истражувањата покажуваат дека околу 6 грама од зачинот, го намалува нивото на шеќерот во крвта по оброкот. И уште еден трик: кога навистина сакате слатко, само помирисајте ванила.

Јадете пред да почувствувате глад. За жал, можеби нема да имате добар апетит, но ќе забележите дека јадете помали порции и дека сте сити.

Вежбајте почесто. Зависноста од шеќери има психолошки корени. Обидете се да ја надмудрите: познато е дека физичката активност придонесува за производство на ендорфини, кои успешно ја заменуваат радоста на чоколадото.

Спиете повеќе. Недостатокот на сон не само што негативно влијае на способноста за донесување одлуки, туку и директно влијае на желбата за слатки.

Променете го вашиот став кон шеќерот. Наместо постојано да го расипувате расположението и да кажувате: “Сакам да јадам слатки, но морам да ослабам” – кажете: “Го сакам своето тело и знам други начини за да го задоволам, освен чоколадо/ колачи/ слатки.”

Договорете се со себе. Немојте да се лутите на себе и да се презирате. Потрудете се да ја почитувате одлуката и секое утро или во моментот кога ќе почувствувате потреба за слатки, наместо колачиња додадете мед во овесна каша.

Се надеваме дека овие совети ќе ви помогнат да ослабете, а потоа и да го исклучите шеќерот од вашата исхрана.

Извор: denar.mk

GOLD
To Top