Новости

Здравје

Како со исхрана да ја регулирате тежината и шеќерот во крвта

Познатиот американски лекар Мајкл Мозли открива начин на исхрана кој може да ви помогне да ја регулирате тежината и шеќерот во крвта.

-Исфрлете го шеќерот и белите намирници

Најпрво, под итно елиминирајте го шеќерот, слатките закуски, пијалаци и десерти. Дозволени се само еднаш до двапати седмично, а доколку е можно и поретко. Може да користите и замени за шеќер како што е стевија, но најдобро е да се отргнете од слатката навика или зависност – советува д-р Мозли.Исто така, вели дека треба да се сведе на минимум или целосно да се елиминираат белите намирници богати со скроб – леб, тестенини, компир, ориз.

-Пазете се од “црните замени”, бидејќи тие би можеле да имаат мала количина диетални влакна. Интегралниот ориз е во ред, но во црниот леб честопати се додава шеќер. Префрлете се наместо тоа на киноа, букгур пченица, интегрален рж, интегрален јачмен, див ориз и хељда. Мешунките како што се леќа и грав се здрави и заситуваат.

-Подобри се јајцата (домашни) отколку снегулките!

Одбегнувајте ги готовите житарици за појадок бидејќи се преполни со шеќер, па дури и оние што содржат ‘ркулци. Овесните се добри, но не смеат да бидат инстант.

-Полномасен јогурт е добар избор.

Додадете му јагоди, боровинки, малини или малку јаткасти плодови.

Доктор Мозли советува денот да го започнете со јајца, варени, поширани, во облик на кајгана или омлет.

Ќе бидете многу посити отколку сте појадувале снегулки или тостиран леб. Јајцата се најдобри кога ги комбинирате со парчиња димен лосос или печурки.

За ужина одличен избор се јаткастите плодови како извор на протеини и диетални влакна. Одбегнувајте ги солените и зашеќерените варијанти со кои многу лесно може да претерате.

-Здрави масла наместо маргарин

Освен сина риба во која спаќаат лосос, туна и скуша, консумирајте повеќе маслиново масло. Тоа дава многу подобар вкус и ја подобрува апсорпцијата на витамини. За готвење користете маслиново, кокосово или масло од репка. Одбегнувајте маргарин, подобро користете путер. Сирењето во умерени количини е прифатливо.

-Висококвалитетни протеини кои слободно можете да ги јадете се оние од пилешкото, мисиркиното, свинското, говетското и секако, оние од јајцата.

-Јадете многу зеленчук!

Слободно јадете големи количини зеленчук во разни бои – од темнозелен лист на спанаќ, па до силноцрвените и жолти пиперки. Додадете им прелив и зачин: лимон, путер, маслиново масло, сол, црн пипер, лук, чили. Од друга страна, одбегнувајте поголеми количина слатко овошје, како ананас, диња и банана, бидејќи се преполни со шеќер.

GOLD
To Top