Консумацијата на помали количества чоколада може да ја намали шансата за добивање на срцев удар, се тврди во новата студија.

Експертите тврдат дека консумирањето на две до шест мали порции чоколадо неделно ја намалува шансата од нерегуларна работа на срцето за 20 отсто. Тие ја истражувале врската помеѓу консумирањето на чоколадо и нерегуларната работа на срцето, проблем со кој се соочуваат 33,5 милиони луѓе ширум светот.

Експертите советуваат да се консумираат производи со висок процент на какао, кои се многу здрави и за протокот на крвта.

“Истражувањето покажа дека и мали количества на внес на какао можат да имаат позитивни ефекти врз здравјето”, изјави водичот на студијата, Елизабет Мостофски од Медицинскиот факултет на Харвард.

Фибрилацијата на артериите е најчеста аритмија во општата популација која создава проблем во постарите години, а најчесто ги погодува мажите. Предизвикува вртоглавица, останување без воздух и замор. Сето тоа го зголемува ризикот од срцев удар, заболување од деменција, а во некои случаи може да доведе и до смрт.

Во истражувањето учествувале 55.502 лица на возраст помеѓу 50 до 64 години од Данска, каде се утврдени 3.346 случаи на фибрилација на артериите. Лицата кои консумирале 28,35 грама чоколада неделно за 17 отсто го намалиле ризикот од фибрилација, за разлика од групата која јадела помало количество еднаш неделно.

Важно е да се истакне дека многу поголеми количини на чоколадо не давале подобри резултати.