Новости

Здравје

Лубеница- идеално летно освежување и еликсир на младоста за кожата и крвните садови

Освен што во текот на жештините ќе ви помогне да ја надоместите изгубената течност, лубеницата истовремено ќе ви обезбеди повеќе витамини, минерали и антиоксиданси. Добро е да знаете дека во 100 грама лубеница има нешто повеќе од 30 калории.

Лубеницата претставува добар извор на бета-каротен, кој во организмот се претвора во витамин А – 100 грама лубеница ќе ви обезбеди 570 IU витамин А (11 проценти препорачана дневна доза). Витаминот А е важен за здравјето на кожата и косата и е неопходен за производство на себум, кој ја штити кожата и косата од дехидратација. Лубеницата содржи и витамин Ц кој има важна улога во производството на колаген. Благодарение на високата содржина на водата (дури 90 проценти), лубеницата придонесува за хидратација на целиот организам, што резултира со подобар изглед на кожата и косата.

Лубеницата исто така има и антиоксиданс ликопен(4532 mcg во 100 грама) и содржи повеќе отколку готвен домат, кој е познат како негов одличен извор. Неодамнешната американска студија покажала дека високата содржина на ликопен во исхраната (околу 10.000 мг дневно) може да го намали ризикот од срцеви заболувања. Поволно влијае на кардиоваскуларното здравје. Цитрулинот и аргининот од лубеницата, две аминокиселини кои ја подобруваат циркулацијата, го намалуваат нивото на холестерол во крвта и спречуваат таложење во артериите.

GOLD
To Top