Новости

Здравје

Намирници кои поттикнуваат појава на депресија

Намирниците кои ги внесуваме влијаат на физичкото и менталното здравје. Но, има и храна која може да поттикне депресија и анксиозност. газирани пијалаци Шеќерот од овие сокови нагло го зголемува нивото на енергија, но исто така многу брзо го намалува. Тоа може да резултира со анксиозност и депресија.

Газираните пијалаци имаат исто дејство како и овошните сокови, па треба да ги отфрлите од исхраната што побрзо.

Тостови и други производи од бело брашно

Доколку тостот е направен од бел леб, одбегнувајте го. Наместо тоа одберете интегрални житарки, а истото важи и за останатите видови на пецива.

Диетални производи

Овие видови на производи обично содржат помалку масти и вештачки шеќери, а истражувањата покажаа дека вештачките засладувачи, како аспартам, го поттикнува развојот на анксиозност и депресија. Пред да купувате диетални производи прочитајте го нивниот состав.

Кечап

Кечапот содржи многу шеќери, поточно четири грама по лажица. Во замена на тоа додајте малку црвена мелена пиперка во сос од домати. Кафе

Кофеинот може да Ве направи нервозен и да го поремети сонот. Кафето може да предизвика брзо чукање на срцето. Обидете се во потполност да го одбегнувате овој пијалак или заменете го со чај.

GOLD
To Top