Новости

Здравје

Најдобриот лек за грип се наоѓа во вашата кујна

Со оглед на тоа дека ладните денови пристигнаа, сите добро знаеме дека и грипот наскоро ќе дојде на голема врата. Но, најдобриот природен лек за тоа веќе го имате во куjната.

Уште многу одамна, луѓето на лукот гледале како на лек за разни болести, а лековитите својства на лукот не се само „бабски приказни“.

Научниците утврдиле дека секое чешне лук има мноштво својства кои помагаат во борбата против грипот.

Не само што лукот има антивирусни и антибактериски својства, туку и антикатарални, што значи дека помага и кога поради наталожена слуз ќе ви се затне носот.

Затоа експерите препорачуваат, ако ве фати грип или чувствувате дека ќе се настинете, разболите, исецкајте чешне лук и додадете го во топла супа.

За најдобри ефекти кај лекувањето на грипот се советува сирово чешне да џвакате на секои три часа, и тоа најдобро во раната фаза на грипот. Доколку не сакате лук, нема баш да уживате во тоа, но ќе видите дека навистина вреди.

Освен тоа, не е лошо лукот да го комбинирате со лута пиперка и ѓумбир, кои исто така може да ви помогнат побрзо да оздравите. Ако сето тоа го додадете во домашна пилешка супа, ќе бидете здрави пред воопшто да стигнете да посегнете по лековите.

GOLD
To Top