Новости

Здравје

Неколку начини за да се изгасне жедта во летните горештини

Вообичаено од човечкиот организам испаруваат 2-2,5 литри вода за едно деноноќие, а во топлината или при големи физички оптоварувања дури до 4л. за 24 часа. При губење на 1л. течност почнува да не мачи жед, при 2л. се намалуваат ментални активности, а при 4л. можни се срцеви напади, па дури и губење на свеста. 1/3 од недостатокот на влага може да се компензира со леб, супи, овошје и зеленчук, но 2/3 треба сами да обезбедите. Еве неколку информации за различни пијалоци кои ја регулираат жедта.

Чај (5 поени) 
Најдоброто средство за регулирање на жед без разлика дали е топол или ладен. Зелениот чај содржи витамин Р, кој влијае позитивно на функцијата на крвните садови. Црниот чај, поради содржината на кофеин, тонизира уште подобро.
Тајна: топлиот зелен чај е способен да ја заштити кожата од ултравиолетовите зраци – 4 чаши дневно и резултатот е видлив.
Не се препорачува: Пиење повеќе од 8 чаши чај дневно.

Вода (4 поени) 
За способноста за регулирање на жедта, поради големото количество соли и биолошко активни материи, минералната вода зазема второто место по чајот. Таа освежува, го поттикнува апетитот и го отстранува заморот. Ако немате гастрит или чир на желудникот, можете да пиете газирана вода – јаглеродната киселина, влегува во устата, предизвикува силно одвојување на плунката и така дополнително го намалува чувството за жед.

Тајна: Додадете парченца лимон или неколку боровинки во водата и на тој начин уште полесно ќе го победите “непријателот”.
Не се препорачува: Пиењето вода од чешма, а исто така ледено студена или дестилирана вода.

Сокови и Нектар (3 поени) 
Во топлината треба да се разредува сокот со вода.
Не се препорачува: Пиењето сок, подготвен од сув концентрат.

Јогурт (4 поени) 
Одлично средство за отстранување на жед. Јогуртите кои содржат бифидобактерии, помагаат и за враќање на нормалниот состав на микрофлората на цревата. Јогурт може да се употребува и со овошје или со зеленчук.
Тајна: Во процесот на ферментација, лактозата се претвора во млечна киселина и затоа јогурт е особено погоден за луѓето кои страдаат од индивидуална неподносливост на млекото.
Не се препорачува: да се комбинира со млеко.

Свежо млеко (3 поени) 
Кога е топло изберете ниско калорични видови или разредете го со вода.
Тајна: Чајот со млеко е тонизиран пијалок, кој влијае поволно на слузницата на желудникот.
Не се препорачува: Пиење млеко после јадење, бидејќи тоа го намалува стомачниот сок.

Пиво (2 поени)
Алкохолните пијалоци не можат целосно да ја обноват загубата на вода. Покрај тоа пивото е високо калорично и не е соодветно за оние кои почитуваат диета.
Тајна: во мали количини пивото го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, влијае позитивно на бубрезите, го спречува создавањето на камења и ги зголемува заштитните сили на организмот.
Не се препорачува: големо количество пиво.

Компот (2 поени) 
Компот не се однесува на пијалоците, туку кон слатките десерти, бидејќи највредно во него не е течноста, туку овошјето. Способноста на компотот за регулирање на жед е ниска, содржи повеќе шеќер отколку органски киселини и минерални соли.
Тајна: Разредете го со малку вода, а можете да додадете и црвено вино (1 чаша вино на 3 чаши компот).
Не се препорачува: Пиењето премногу студен компот.

Лимонада (1 поен) 
Вообичаено, овошниот сируп е заменет со поевтини концентрати и бои, ароматизери, адитиви и конзерванси. Оваа “хемија” не ја згаснува жедта, туку предизвикува уште поголема жед.

Тајна: корисна лимонада можете да направите во домашни услови од исцеден лимон со минерална вода.

Не се препорачува: регулирање на жед со она што денес може да наречеме “Стандардна” лимонада, купена од продавница – подобро пијте сок.

GOLD
To Top