Новости

Здравје

Никогаш не започнувајте диета во овој ден од неделата

Ефикасноста на диетата не зависи само од избраната храна и од волјата, но и од тоа во кој ден од неделата ќе ја започнете, покажа новото истражување на британски научници.

Најверојатно сте осудени на неуспех, ако почнете со диетата во вторник. Многу поголема шанса за идеална фигура имаат жените кои ја почнале диетата во недела или во понеделник. Истражувањето траело околу една година и во него учествувале 2000 Британци.

Резултатите покажале дека жените кои почнале со својот режим на исхрана во вторник, до крајот на неделата ја губат целата решителност да ослабат. Ако се почне во понеделник, мотивацијата се задржува многу подолго време, а тоа го покажаа и 88% од учесничките.

Истражувањето покажало уште и дека типичниот Британец се става на диета во просек три пати во годината. Најпопуларен ден во Велика Британија за почеток на диетата е петок. Тоа не е добра опција, поради насобраниот стрес во текот на целата работна недела и тоа што викендите искушуваат со многу забава и храна.

GOLD
To Top